ЦУК: Интензивна потрага по лице од Теново кое исчезна пред шест дена
Центарот за управување со кризи информира дека регионалниот оддел започнува интензивна потрага по исчезнато лице од село Теново од Општина Брвеница за кое е пријавено дека е исчезнато од 6 август.
„Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано раководителот на РЦУК Тетово и началникот на СВР Тетово известуваат дека од 10:00 часот, дека во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново“, гласи соопштението на ЦУК.
Во случај и денеска ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од понеделник ќе се бара од хидроцентралата Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото на водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито покрај самото село.
„Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални имформации, согласно развојот на потрагата“, додаваат од таму.
