Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК и полицијата спасија велосипедисти кои се изгубиле и дехидрирале кај Кожле

ЦУК и полицијата спасија велосипедисти кои се изгубиле и дехидрирале кај Кожле

Спасени се изгубени и дехидрирани велосипедисти во предел после селото Кожле. 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени двајца велосипедисти, многу дехидрирани и снеможени кога се пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

„Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку ослабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спасат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден. Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период“, велат од ЦУК. 

Слично

Поврзани вести