Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Хлор истекол од боца во филтер станица во Виница

ЦУК: Хлор истекол од боца во филтер станица во Виница

Центарот за управување со кризи информира дека опасен гас хлор истекол од боца во филтер станица во Виница, при што на вработените превентивно им бил даден кислород.

„Информираме за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица“, информира ЦУК.

Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас.

Слично

Поврзани вести