Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево. 

Во 18.11 часот на 112 денеска е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

„Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево“, пишува директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов. 

Во земјава денеска имаше и пожари. 

Слично

Поврзани вести