ЦУК: Да не се користат дронови каде што има пожари
Центарот за управување со кризи ги повика физичките лица да не користат беспилотни летала - дронови на локациите каде што има активни пожари низ земјата.
„Апелираме до населението, поради безбедносни причини, да не бидат користени воздушните простори каде имаме големи пожари за летање на дронови“, побара денеска портпаролката на ЦУК.
Вчера и денес било забележано бројно користење на дронови од страна на граѓаните во овие области. ЦУК потсетува дека за тоа е потребна претходна дозвола.
Нови пожари денеска има во Цветово во Студеничани и во Иванковци во Велес.
Слично
