Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Човек изгоре во пожар во Отошница

ЦУК: Човек изгоре во пожар во Отошница

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во изминатите 24 часа, покрај снегот и студеното време, има пријави и за пожари, при што во еден од случаите е евидентирана жртва.

Според податоците на подрачната полиција на Куманово, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Ранковце околу 04:20 часот интервенирале во опожарена куќа во село Отошница. Во пожарот загина и едно лице.

„За да се овозможи побезбедна интервенција, околу 04:45 часот и од „ЕВН“ било побарано да ја исклучи струјата во тој реон. За инцидентот, покрај Итна медицинска помош, известени се и МВР и противпожарната единициа Куманово“, се појаснува во соопштението.

Пожарникарите од Куманово од 04:25 до 05:45 часот со седум пожарникари и едно возило интервенирале и во опожарена куќа на улица „716“ број 9 во населба „Баново Трло“.

Според ЦУК, за 24 часа имало вкупно 1.891 јавувања на итниот број.


Слично

Поврзани вести