Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Активирани се кризните штабови иако нема опасност од излевање

ЦУК: Активирани се кризните штабови иако нема опасност од излевање

Од  Центарот за управување со кризи (ЦУК)  велат дека нема опасност од излевање на реките, но можно е заезерување на дел од помалите реки и водотеците, иако водостојот секојдневно се покачува. 

Објаснуваат дека единиците на локалната самоуправа се предупредени да ја следат состојбата и навреме да реагираат.

„Има осцилации на прилив на вода во реките како резултат на температурните разлики во текот на денот и ноќта како и поради врнежите од дожд кои го топат снегот. Дел од реките имаат зголемен водостој, но засега нема опасност од излевање на реките“ – вели портпаролката на ЦУК, Надица В‘чкова.

Како што информира В‘чкова, писмено ги информирал единиците на локалните самоуправи навреме да преземат мерки за да не дојде до излевање на реките и штети врз имотите и посевите на граѓаните во близина на речните корита. Активирани се и кризните штабови.

Најголемо покачување на нивото на водата во речните корита има на реките: Вардар, Радика, Треска, Сатеска, Црна Река и Брегалница, а на другите реки има благо покачување на новото на водата. Врнежите од дожд влијаат на топење на снегот, а тоа го зголемува нивото на вода во водотеците.

Слично

Поврзани вести