Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски, Иванов, Трајковска на инаугурацијата на Пендаровски. Кој се беше таму?

Црвенковски, Иванов, Трајковска на инаугурацијата на Пендаровски. Кој се беше таму?

Вилма Трајковски, сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, како и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов присуствуваат на инаугурацијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски во Собранието. Пендаровски даде свечена заклетва и се потпиша на уверението.

Присуствуваа и верските лидери Г.Г. Стефан и Сулејман Реџепи како и другите верски лидери. Таму се и ректорите од универзитетите од Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, како и претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Претседателите на соседните земји Илир Мета, Румен Радев, Хашим Тачи, Александар Вуќич беа во Собранието, како и функционери од Грција, Словенија, Црна Гора и странски дипломати.


Слично

Поврзани вести