Црвенковски и Џафери не заокружија „ЗА“
Претседателот на Собранието Талат Џафери и поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска не успеале да се изјаснат на референдумот затоа што ги немало на избирачкиот список. Џафери потврди самиот, за Црвенковски извести Цивил. Џафери рече дека при пребарување на апликацијата за избирачки список на sec.mk (ДИК), неговото име го нема на списокот.
Црвенковски пак, се обидел да гласа со пасош, објави Цивил, но бидејќи го немало неговото име не му било овозможено да гласа на ИМ во Капиштец.
Слично
