Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски: ЕУ ќе го изгуби кредибилитетот доколку не одреди датум

Црвенковски: ЕУ ќе го изгуби кредибилитетот доколку не одреди датум

Македонија заслужува да биде дел од европското семејство, државата направи многу болни отстапки, Европската унија е ставена на тест, се само дел од заклучоците на Регионалната конференција, чиј домаќин беше поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

„Македонија направи многу болни отстапки , го потпиша преспанскиот договор, доколку ова лето не добиеме датум за преговори тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ“, рече Црвенковски.

Претседателот Стево Пендаровски, исто така учествуваше на конференцијата и во своето обраќање тој истакна дека, во регионот ќе има разочарување доколку на нашата земја и Албанија не им се даде датум за преговори.

На конференцијата учествуваа поранешни претседатели и премиери во регионот.

Подгоричкиот клуб ја повикува ЕУ и нејзините лидери да ја одржат отворена кредибилната преспектива за пристапување, исто така ги повикаа и државите кандидати и државите потенцијални кандидати да продолжат со спроведување на реформите.


Слично

Поврзани вести