Црвениот Крст е првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан
Црвениот Крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан во земјава вечерва.
Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција. МВР ќе ги спроведе сите безбедносни проверки.
„Велиме добредојде на граѓаните кои се спасуваат од налетот на радикализмот, ние им порачуваме добредојде на луѓето кои веќе 20 години го бранат мирот и демократијата во Авганистан“ , се наведува во соопштението од Владата.
Вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан.Авганистанците веќе се дојдени во соседните Косово и Албанија.
Слично
