ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање
Oд Левица велат дека ќе коалицираат со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.
„На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката“, велат од Левица.
Претседателот на партијата, Димитар Апасиев од Битола изјави дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните избори.„Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста”, велат од Левица.
