Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРВЕНИ И ЗЕЛЕНИ ЗОНИ: Сите клиники се подготвени за ковид пациенти, тие ќе бидат одделени од другите

ЦРВЕНИ И ЗЕЛЕНИ ЗОНИ: Сите клиники се подготвени за ковид пациенти, тие ќе бидат одделени од другите

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа. 

Министерот за здравство имал Венко Филипче имал средба со директорите на Клиниките - обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид. 

„Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно одделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции. Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники. 

Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките“, велат од Министерсњтвото за здравство.

Дополнително, околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните Клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот, за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа.

Слично

Поврзани вести