ЦРВЕНКОВСКИ ОД ФОРУМОТ ВО САРАЕВО: Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна со оружје, сега сака да го постигне со правото на вето
-Она што Бугарија
не успеа да го постигне во Втората светска војна со оружје и воени средства,
денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на
вето за носење одлуки. Мене ми е потполно јасен ставот на Бугарија, но
она што ме интересира е како на ова гледаат другите членки на ЕУ, нагласи денеска поранешниот шеф на државата Бранко Црвенковски,
кој учествува на Форумот за Западен Балкан во Сараево, а пренесува Канал 5 .
Црвенковски обраќајќи се на македонски јазик ја изразил неговата реакција во однос на изјавата на поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев,кој исто така, како учесник во Форумот во Сараево, изјавил дека Северна Македонија е млада земја „и нема македонски јазик пред да го создаде Тито“.
-Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не е случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене кои биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин, потенцирал Црвенковски.
