Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црнокошулаш, поган човек, фашист - фејсбук врие за Апасиев: Тој враќа - Господ ги чува „будалите“

Црнокошулаш, поган човек, фашист - фејсбук врие за Апасиев: Тој враќа - Господ ги чува „будалите“

Ноќеска им го пробивме системот. Пенетриравме во законодавната власт - сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“, напиша денеска на фејсбук Димитар Апасиев, лидерот на Левица. Оваа партија според неофицијалните резултати од ДИК, освои два пратенички мандати. Овој резултат не ги остави рамнодушни граѓаните, а многу од претставниците на граѓанскиот сектор и на политичките партии реагираа со посебни изјави.

Апасиев гопочнува својот денешен пост со Не очајувајте другари, Долг е патот на борбата. Најавува и прес конференција за денеска.

„Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна - АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор... Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 - писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“. Ноќеска им го пробивме системот!

Пенетриравме во законодавната власт - сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“.

ГЛАВАТА ГОРЕ.
И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме!
И тек сега почнуваме, вели Апасиев.

Неговиот некогашен сопартиец Здравко Савески напиша денеска:

„Апасиeв покажа дeка криминалнитe дeла во политиката во Макeдонија сe исплатуваат. Покажа и дeка играњeто на картата на национализмот сe исплатува. Во таа смисла, макeдонската политика го заслужува Апасиeв. За цeла да e. И народот си го заслужува.

СДСМ со нeго направи eкспeримeнт - што тргна наопаку. Го инструмeнтализираа судството за да го игнорира нeговото прeзeмањe на Лeвица прeку фалсификувањe докумeнти. За да зeма гласови од ВМРО. Ама, нe очeкуваа дeка ќe зeмe толку гласови за да влeзe во Собраниeто. На краток рок матeматиката можe да им сe исплати. Бидeјќи Апашиeв зeдe гласови од ВМРО, влада можeби ќe формира СДСМ. Но, на срeдeн рок - допрва ќe плачат од нeго, вели Савески.

На крајот на својот пост пишува:

 Го создадовтe чудовиштeто? Наскоро ќe видитe колку поган човeк e тоа, вели Савески.

Стојанче Ангелов напиша:

Димитар Апасиев, наместо професор, пратеник стана.
Во држава како нашата, со изборен модел како нашиот, подвиг е да се освои еден пратеник, дупол подвиг - два пратеника, неверојатен подвиг 37.420 гласови.
Честитки до Левица! Професоре, кафето во Собрание го честиш ти!

Мирјана Најчевска која на овие избори учествуваше со новформираната партија Твоја по објавата на Апасиев дека ќе стрела напиша:

Ова го сакаат граѓаните. Не сакаат зелена иднина. Не електронска влада. Не помалку привилегии и повеќе одговорност. Сакаат примитивизам и насилници. И не се работи веќе ни за изборен модел ни за една изборна единица.  Моето име стоеше на изборното ливче и името на Апасиев. За мене гласале 1210 луѓе за Апасиев гласале илјадници 12240. 1:10. 1210! На селска слава има повеќе луѓе.
Да не се замајуваме. Вие граѓаните сакате во Собранието да ве претставува црнокошулаш (ако не знаете што значи тоа прочитајте). Извинете дечки ама навистина не сакам ниту еден коментар веќе под моите написи, вели Најчевска.


Слично

Поврзани вести