Црногорскиот парламент ќе гласа во најкраток можен рок за Македонија
Црногорскиот парламент ќе закаже седница во која официјално ќе го одобри приемот на Македонија во НАТО во најкус можен рок.
"И на тој симболичен начин, уште еднаш ќе го покажеме пријателскиот однос на Црна Гора кон Република Македонија. Како членка на НАТО, Црна Гора ја потврдува силната поддршка за политиката на отворени врати, особено за земјите од Западен Балкан кои тоа го сакаат ", беше објавено за „Вјести“ од кабинетот на парламентарниот спикер.
Собранието ќе го разгледа предлог-законот за потврда на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, по завршувањето на сите процедурални активности во рамките на Алијансата, како и во Владата на Црна Гора, додаваат од таму.
Во случајот на Црна Гора, која е последна земја која е примена во Алијансата, на тогашните 28 земји-членки им требаше цела година за ратификација на пристапниот Протокол.
