Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црногорскиот хеликоптер 12 пати пуштал вода: Пожарот во Сарај не се изгасил ни со 17 тони

Црногорскиот хеликоптер 12 пати пуштал вода: Пожарот во Сарај не се изгасил ни со 17 тони

Пожарот кај Раовиќ, Буковиќ во општина Сарај е се уште активен и таму гори мешана шума, информираше портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица В’чкова. на овие места гори веќе осум дена а се гаси од земја и до воздух. Вчера се приклучил и хеликоптерот од Црна Гора, кој извршил 12 налета испуштајќи поголема количина на вода. Сепак операцијата е безуспешна. 

„Станува збор за специфично земјиште кое и покрај тоа што беа фрлени 17 тони вода продолжува да гори, рече В’чкова.

Повторно е активен пожарот кај селото Барово и Вешија во Демир Капија, а почнало повторно да гори и кај Горно Мелничани. Ситуацијата овде е непроменета и градоначалникот на Центар Жупа побарал интервенција од воздух за што ќе се одлучува денеска. 

Подоцна беше соопштено дека во гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума.

Гори и во прилепско кај Ракле и Никодин.


Слично

Поврзани вести