„ЦРНИ“ ДЕМОГРАФСКИ ПРОГНОЗИ: Македонија e трета земја во регионот по иселување
Македонија e трета земја во регионот по иселување, затоа што заминало 34 отсто од населението.
Четири држави од Западен Балкан се меѓу првите 20 во светот со најголем пад на населението, со што регионот претставува најзначајна зона на депопулација во Европа со ниски стапки на наталитет и со поголема емиграција од имиграцијата. Истражувањето на Армас (2023), кој ги разгледа моменталните трендови и процени дека помеѓу 2020 и 2050 година населението во Србија ќе се намали за 19 отсто, во Босна и Херцеговина за 18,2 отсто, во Албанија за 16 отсто и во Северна Македонија за 11 отсто.
Меѓу 20-те земји, само Јапонија (16,3 отсто) и Куба (10,3 отсто) не се од Јужна, Југоисточна или Источна Европа.
Во последните три децении, земјите од Западен Балкан доживеаја феномен на голема емиграција, па затоа, врз основа на проценката од податоците на UNDESA , Босна и Херцеговина и Албанија се земјите со најголем број мигранти во странство, 49 отсто и 44 отсто, соодветно, од вкупното население, по што следат Северна Македонија и Црна Гора, 34 отсто и 21 отсто, соодветно, додека Србија е земја со најмал број, 15 отсто од вкупното население.
foto freepik.com
