Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНИ БРОЈКИ: Викендов 80 починати од Ковид-19

ЦРНИ БРОЈКИ: Викендов 80 починати од Ковид-19

Вчера се регистрирани 734 нови случаи на инфекција со коронавирус, а како резултат на тоа починаа 35 лица. Саботата пак, изброја  1.394 нови случаи и 45 мртви.

Според Министерството за здравство, во претходните 24 часа биле извршени 3.246 тестови, од кои 22,61 проценти биле позитивни.

До овој момент 3.940 лица починаа од коронавирус, а има активни 21.630 случаи.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 621 пациент, така што вкупниот број на излекувани пациенти се искачи на 109.297.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се регистрирани 134.134 инфекции, а од коронавирус починале 3.905 лица.

Надлежните кажаа дека во овој момент се наоѓаме во најсилниот бран на пандемијата која скоро една година го уништува човештвото.

Слично

Поврзани вести