Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА СТАТИСТИКА: Најмногу починати од Скопје, но највисока стапка на смртност има во Струга

ЦРНА СТАТИСТИКА: Најмногу починати од Скопје, но највисока стапка на смртност има во Струга

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, досега во земјава од коронавирусот се починати 151 пациент.

Таа институција ги објави најновите податоци за состојбата со коронавирусот во земјава. 

Гледно во апсолутни бројки, најмногу починати се во Скопје, и тоа 38 пациенти, а по 25 пациенти се починати од Куманово и од Тетово, односно по 25. Потоа следува Струга со 20 починати пациенти, додека, пак, ваква црна статистика со 16 починати пациенти има во Прилеп, а 10 од Велес. Од Дебар починале четворица, а по двајца од Гостивар, Битола и Кочани. По еден починат пациент, пак, има од Кавадарци, Струмица, Крушево и Делчево.

Во сите останати градови, на кои им посакуваме така и да остане, за среќа, нема починати граѓани од КОВИД-19.

Но ако се гледа стапката на морталитет, може да се види дека таа е највисока во Струга, односно дури 29,5 отсто. Потоа следува Куманово, со стапка на смртност од коронавирусот од 17,5 отсто, а во Прилеп таа стапка изнесува 16,8 отсто. Стапка од 15,1 отсто има во Велес, а во Тетово таа стапка е 12,5 проценти.

Во главниот град Скопје стапката на морталитет е 6,2 отсто од КОВИД-19.

Инаку, во последново деноноќие од коронавирусот починаа двајца пациенти, еден од Прилеп и една Жена од Струмица. 

Слично

Поврзани вести