Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА ПРОГНОЗА: Парите веќе нема да бидат приоритет

ЦРНА ПРОГНОЗА: Парите веќе нема да бидат приоритет

Претставници од канадската истражувачка компанија „BCA Risrch“ излегоа со загрижувачко предвидување-човештвото ги одбројува последните векови.

Веројатноста за уништување на човештвото до 2290 година изнесува 50 отсто, а до 2710 година изнесува 95 отсто. Луѓето може да се спасат, најпрво, со колонизација на други планети или изградба на големи орбитални станици, го цитира „Gloub end mejl“, извештајот на Канаѓаните.

Авторите на истражувањето тврдат дека човештвото се приближува до важна точка, која може да се надмине со зголемување на нивото на човечкиот интелект со помош на генетската технологија. Притоа, веројатноста на брз крај на светот исто така расте.

Според мислењето на претставници од  „BCA Risrch“, шансата да пропадне човештвото дојде до 3000 години и изнесува од 50 до 95 отсто.

Веројатноста на апокалипса е многу поголема отколку пред неколку векови.

Канаѓаните сметаат дека од таа причина најголемите инвеститори ќе престанат да се фокусираат на зграбување на пари и ќе почнат да вложуваат во ризични проекти кои потенцијално може да го продолжат животот на нашата планета.

Слично

Поврзани вести