ЦРНА ЛИСТА НА САД: Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина се додадени
Американското Министерство за финансии денеска стави неколку нови лица од Западен Балкан на црна листа поради корупција. На листата се најде рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина.
Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека Самсоненко има двојно државјанство, на Русија и Македонија.
На црната листа на САД, поради корупција, претходно се ставени екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, екс премиерот Никола Груевски и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Целиот имот и интереси на овие лица во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани. Забранети се сите трансакции на лица од САД со овие лица или нивни имот и интереси.
Слично
