ЦРНА ХРОНИКА: Татко го пронајде безживотно тело на својот син, се работи за труење со инсектицид
Вчера во 08.25 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на поткровјето на фабрика на ул. „Св.Спасо Радовишки“, Д.Р. (73) го пронашол безживотното тело на неговиот син Д.Ц. (48).
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш. при што било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид.
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Слично
