Економија, финансии, бизнис

Контакт

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

Во списокот на земји според бројот на милионери по нето вредност (во американски долари) врз основа на годишната проценка на богатството и имотот, составена и објавена од швајцарската банка Credit Suisse, ја нема Македонија. 


Од Балканските земји, на списокот ја има Србија која од 48 земји го зазема 47то место и Грција, која пак го зазема 38 место.

Србија има 33 илјади милионери, додека Грција 81.


На прво место се САД со неверојатни 25,580,000 милионери, кои во глобалниот удел на милионери заземаат дури 39,1 процент.

Зад нив е Кина со 6,190,000 милионери, а на трето место е Јапонија со 3,366,000 милионери.

Русија е на 20 место.

Македонија ја нема на листата, но ни другите земји од Балканот. 

Поделено по региони, најмногу милионери има Северна Америка па Европа, а зад нив е Азија. 

 Според проценките, во средината на 2021 година, во светот имало 56 милиони луѓе чиј имот надминувал еден милион американски долари, од кои речиси 40% живееле во Соединетите држави. Вкупната нето вредност на сите милионери изнесуваше околу 158,261 трилиони долари.


Слично

Поврзани вести