Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cкопски „Бетон“ со зголемена добивка во првото полугодие

Cкопски „Бетон“ со зголемена добивка во првото полугодие
Скопски „Бетон“, во првите шест месеци од годинава, ја зголемил својата добивка за 37.538.246 денари, односно за околу 600 илјади евра, што е за 3,96% повеќе во споредба со истиот период лани, покажува неконсолидираниот биланс на успех на компанијата објавен на интернет-страницата на Македонската берза Вкупните приходи од реализираните проекти изнесувале 1.164.082.178 денари или околу 19 милиони евра и истите се зголемиле за 13,8%. Остварените расходи од работењето на „Бетон“ достигнале 1.126.543.932 денари или околу 18,2 милиони евра и се зголемени за 14,16% во однос на истиот период лани. Според публикуваниот допис на компанијата, во наредниот период ќе се зголеми нивото на остварениот финансиски успех од работењето, со оглед на најавените зголемени инвестиции во нискоградбата и хидроградбата, инвестициите во градежништвото и на актуелната состојба на пазарот.
Слично

Поврзани вести