Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цивил вчера регистрирал обид за поткуп на гласачи со 4500 денари

Цивил вчера регистрирал обид за поткуп на гласачи со 4500 денари

Oд Цивил-Центар за слобода констатираат дека вчера имало обид за поткуп на гласачи, а денеска имаме мирен почеток на изборниот ден, меѓутоа исполнет со низа помали нерегуларности. 

Се работи за технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори, што е недостиг на добра подготвеност досега. 

„Во извештајот кој е дојден до мене и кој е верификуван имало и полициска интервенција, а поткупот изнесувал точно 4.500 денари за целото семејство, меѓутоа овие двајца совесни граѓани, не ги прифатиле парите и ги известиле властите за тоа, а потоа и нашиот набљудувач го пријавил ова“- изјави Џабир Дерала, претседател на граѓанското здружение Цивил-Центар за слобода.

Дерала посочи дека во текот на вчерашниот ден набљудувачите на Цивил во ресенскиот регион регистрирале  активисти на политичка партија кои вршеле поткуп на гласачи за наведената сума на пари.  Случајот е пријавен во полиција.

Слично

Поврзани вести