Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Цивил“ реагира дека Љупчо Златев го злоупотребил пожарот во Нотр Дам за ширење исламофобија

„Цивил“ реагира дека Љупчо Златев го злоупотребил пожарот во Нотр Дам за ширење исламофобија

Невладината „Цивил“ реагира дека новинарот Љупчо Златев го искористил пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз за ширење исламофовија на социјалните мрежи.

„Пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз беше искористен од екстремно десничарските провокатори како повод за ширење антиисламска омраза и заговори, дури и откако официјални лица изјавија дека го отфрлаат подметнувањето пожар како причина. Дел од заговорите отидоа до таму што пламенот го споредија со нападите од 11 септември, и покрај тоа што постои сериозен недостаток од докази дека пожарот е намерен, а уште помалку дека е напад врз католицизмот“, реагораат од „Цивил“.

Златев на својот Твитер објави фотографија од катедралата во пламен придружена со прашањето: „Дали радикалниот исламизам повторно ја напаѓа Европа?“.



Слично

Поврзани вести