Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИВИЛ бара прегласување на 30 избирачки места

ЦИВИЛ бара прегласување на 30 избирачки места

Центар за слобода ЦИВИЛ побара од Државната изборна комисија(ДИК) целосно пребројување на гласовите, како и да спроведе повторно гласање на 30 избирачки места, на кои биле регистрирани сериозни повреди на гласачкото право.

Велат дека со ова изборниот резултат може значително да се промени. Од ЦИВИЛ сметаат дека изборите сепак не биле демократски и слободни. 

„Досега утврдивме 30 избирачки места на кои бараме да се изврши прегласување, бидејќи таму е забележани сериозни кршења на Изборниот законик, сериозни нерегуларности и сметаме дека најдобро би било да се прегласаат бидејќи се работи за голем број избирачки места кои може да направат разлика во конечниот резултат“ – вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ побара и од Министерството за внатрешни работи да направи ревизија на издадените лични карти во недела на денот на изборите.

Тие  регистрирале 495 случаи на неправилности како притисоци, уцени, закани, поткуп на гласачи, насилство, злоупотреба на малолетници, прекршување на изборниот молк, како и семејно и групно гласање. 


Слично

Поврзани вести