Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИСТЕРНА СО ПЛИН СЕ ПРВРТЕ ВО ОКОЛИНАТА НА БИТОЛА - возачот е префрлен во болница

ЦИСТЕРНА СО ПЛИН СЕ ПРВРТЕ ВО ОКОЛИНАТА НА БИТОЛА - возачот е префрлен во болница

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувала цистерна со плин, која од ударот се превртела. 

Сообраќајната несреќа се случила околу 9.30 часот во близина на битолското село Вашарејца. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола со Итна медицинска помош.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), за несреќата се известени ТППЕ Битола, која на терен испратила четворица пожарникари со едно противпожарно возило. 

Екипи на МВР се веќе на терен. За подигање на цистерната се чека механизација. 

Фото: МИА Архива

Слично

Поврзани вести