ЦИСТЕРНА СО НАФТА ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА - БОГДАНЦИ: настанал пожар кој е изгаснат, патот е затворен за сообраќај
Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија - Богданци и се превртела по што дошло до истекување на нафта која се запалила.
Ова создало пожар во околината каде што истекла нафата, но благодарение на брзата реакција на ТППЕ Гевгелија пожарот брзо бил ставен пок контрола.
- ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола.

Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум - соопшти првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој дополни дека дополнително ќе бидат објавени информации за следните чекори околу оваа несреќа.


Слично
