ЦИСТЕРНА СЕ ПРЕВРТЕ НА ПАТОТ СТРУГА - ГП ЌАФАСАН: сообраќајот е во прекин
Тешка сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Струга- ГП „Ќафасан“, поради што сообраќајот на овој пат е во прекин.
Според објавата на Министерството за внатрешни работи, цистерна се превртила на патот, а фотографиите покажуваат дека кабината од камионот е тешко оштетена.
Поради сериозноста на ситуацијата, во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
- Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста - се наведува во објавата на МВР.
Нема детали во каква состојба е возачот, поради што се очекуваат повеќе информации од министерството во текот на денот.
Слично
