Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИСТЕРНА СЕ ИЗЛИЗГА НАДВОР ОД ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Испратени се екипи за помош

ЦИСТЕРНА СЕ ИЗЛИЗГА НАДВОР ОД ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Испратени се екипи за помош

Камион цистерна се излизгала надвор од патот Гостивар - Маврово поради врнежи од снег, информира Центарот за управување со кризи, кои добиле дојва преку бројот за итни повици 112. 

- За настанатата ситуација, пријавениот итен случај на терен, од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец - соопштуваат од ЦУК.

Исто така на екипите им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта исто така известуваат дека од 14:00 часот задолжително се користење на зимска опрема (ланци) на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Фактор веќе објави дека поради дождот и снегот кои зафатија делови од нашата земја, се појавија повеќе проблеми. 

Имено веќе има забрана за тешки товарни возила на патот  Гостивар - Маврово - Стража - Кичево, а исто така се пријавени и одрони долж клисурата на патниот правец Скопје-Велес почнувајќи од с.Катланово.


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести