Ципрас вели дека има долг пат до решение, за грчките комунисти шансите за решение се мали
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас вели дека постои можност за решение на спорот со името затоа што новото политичко раководство во Македонија покажува подготвеност да преговара.
Ципрас вели дека двете земји имаат долг пат кој треба да го изодат.
Тој оценува дека во изминатиов период е постигнат напредок, но двете земји засега се далеку од решение, односно име кое ќе има географска или времена одредница и кое ќе биде за севкупна употреба.
„И кога велиме за сите, тоа се однесува како на меѓународното име, така и на името во внатрешноста“, изјави Алексис Ципрас – премиер на Грција.
Рече дека плановите за промената на името на аеродромот и автопатот се симболични потези кои водат до затоплување на односите, но тоа не значи дека проблемот е решен бидејќи македонската Влада мора да ги исполни обврските од разговорите во Обединетие нации.
Претседателот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис вчера упати критики за начинот на кој грчката Влада управува со конкретното прашање.Со реакција се јавија и од грчката комунистичка партија, која е коалициски партнер на Ципрас. Тие велат дека во моментов, мали се шансите за решение на спорот меѓу двете земји.
Наскоро Нимиц доаѓа во Скопје и во Атина за да разговара со двете страни до каде е спорот за името.
Во Македонија по лидерската средба немаше детали дали македонската страна има црвени линии.
