Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас вели дека без Договорот од Преспа на северната граница ќе било како во Либија

Ципрас вели дека без Договорот од Преспа на северната граница ќе било како во Либија

Претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервјуто за грчката регионална телевизија „Стар“ вели дека доколку не постеше Договорот од Преспа, сега на нивната северна граница ќе ја имале ситуацијата што ја имаат југозападно од нив, ќе имале Либија на северната граница.

Според него, во земјава ќе имало постојано присуство на Турција.  Вели дека дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција.

„Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно“, изјави Ципрас.

Вели дека со договорот постигнато е искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но е прекината и „ неприфатливата и смешна стратегија за присвојување на грчкото културно наследство“. Ципрас прашува каде исчезнаа сите оние кои тогаш протестираа против договорот. Со Договорот од Преспа се откочени македонските евроинтеграции, и потоа Македонија стана членка на НАТО. Но, сега има нова пречка за старт на преговори со ЕУ, а тоа е Бугарија. 

Слично

Поврзани вести