Ципрас: Се роди Северна Македонија
"Северна Македонија, која е родена денес, ќе биде наша пријателска земја", рече грчкиот премиер Алексис Ципрас преку Твитер, откако грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор со 153 гласови.
- Северна Македонија ќе биде грчки сојузник и поддржувач во напорите за безбедност, стабилност и заеднички развој на Балканот, напиша Ципрас.
Тој посочи дека следните генерации во двете земји ќе им бидат благодарни на пратениците кои изгласале храбро..
Оние кои гласаа ги поставија темелите за иднината на мирот, солидарноста и хармоничниот соживот меѓу двете нации, напиша тој.
Моменти претходно, честитки упати и македонскиот премиер Зоран Заев
Слично
