Ципрас пред одлуката за Нобеловата награда за мир: Не ни треба признание со Заев
На околу една недела пред доделувањето на Нобеловата награда за мир за која постои поднесено заедничка кандидатура за актуелниот македонски премиер Зоран Заев и и за Алексис Ципрас, поранешниот шеф на грчката влада смета дека таквото признание не им е потребно на двајцата политичари туку на, како што вели тој, на двата соседни народи. Ова актуелниот грчки опозиционер и еден од креаторите на Преспанскиот договор го вели во интервјуто на „360 Степени“ на телевизија Алсат.
- Изјавив нешто што и Зоран го сакаше - дека ние како личности и немаме потреба од награда за да го направиме тоа што мислиме дека е добро за нашите народи. Ако е потребна награда, таа треба да биде за нашите народи кои понатаму треба да работат, да живеат мирно и да се борат во еден тежок регион, за напредокот, мирот и просперитетот. рече Ципрас.
Претседателот на опозициската СИРИЗА потврди дека ги убедувал партнерите во Европскиот совет уште во јуни годинава Македонија да го добие датумот за преговори со ЕУ. и дека се надева дека во средината на октомври ќе има позитивна одлука.
- Вистина е дека се обидував да ги убедам дека е потребна позитивната одлука Верувам дека Европа треба да се придржува до принципите кои сама ги поставува и секако штом се презедоа доста храбри чекори напред, требаше и еден позитивен чекор во јуни. Независно од тоа колку позитивни чекори превзеде Северна Македонија, навистина верувам дека земјите од Западен Балкан преку една процедура ќе се приближуваат кон Европа, која треба да покаже дека кога има позитивни движења, реформи, кога се почитуваат плановите, треба да се даде „зелено светло“ за да се зголеми мотивот. Европа треба да знае дека ако не може да ги реши проблемите во нејзиното соседство, тогаш ќе нема битна улога во светската надворешна политика, рече Ципрас.
Тој денеска ќе настапи заедно со Заев на заедничка панел-дискусија во рамки на конференцијата на „Економист“ во Скопје.
