Ципрас побара датум за преговори за Македонија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од Европската комисија да додели датум за преговори за Македонија во јуни, бидејќи како што вели тој, во спротивно тоа ќе биде победа на силите на национализмот и назадувањето.
Ова шефот на грчката влада го истакна во Брисел во неговото обраќање за време на подготвителниот состанок на семејството на европските социјалистички партии, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
На овој собир Ципрас како претседател на левоориентираната СИРИЗА ја споменал и европската перспектива на нашата земја, но и на земјите од Западен Балканна овој собир
„Одбивањето да се започнат пристапни преговори со Северна Македонија, по сето она што го постигнавме со историскиот Договор од Преспа, би била одлука во корист на силите на назадувањето и на национализмот на товар на политиката на напредок, мир и пријателство на народите.“ рекол во дел од својот говор Ципрас.
