Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас обезбеди шест пратеници

Ципрас обезбеди шест пратеници

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има шест пратеници надвор од неговата Сириза кои ќе му обезбедат апсоутно мнозинство во грчкиот парамент во гласањето на доверба на владата која ја предводи. Ципрас самиот го побара ова, откако неговиот коалиционен партнер Панос Каменос, поднесе оставка како министер за одбрана заедно со својот заменик. Се очекува гласањето на доверба во среда, а можно е тоа да биде и утре.

Досега експлицитно е поддржан од шест пратеници од различни партиски партии, покрај оние 145 на Сиризи. На тој начин Ципрас ќе има најмалку 151 и ќе може целосно да се посвети и на ратификацијата на Преспанскиот договор, откако беа изгласани уставните измени во македонското Собрание.

Според информациите, листата ја сочинуваат четворицата пратеници од „Независни Грци“, кои му откажаа послушност на својот партиски идер Каменос и тоа - Василис Кокалис, Елена Кунтура, Танасис Папакристопулос, Костас Зурарис, како и независната пратеничка Катерина Папакоста и пратеникот од „Река“ Спирос Данелис.

„Катимерини“ во вчерашниот коментар веќе објави дека овој потег на Каменос е негов последен обид да опстане на политичка сцена и да ги задржи шансите повторно неговата партија да обезбеди пратенички места на следните параментарни избори кои се ближат. Со оставката, Каменос само се додворува кај својот десноориентиран електорат.

Инаку, министерот за надворешни работи Никола Димитров наведе дека преку телефонски разговор со грчкиот заменик-министер Јоргос Катругалос добил уверување дека „се е под контрола“ кај грчката страна и дека Преспанскиот договор ќе го мине „парламентарниот филтер“. Катругалос го убедил дека владата останува посветена на гласањето за договорот.



Слично

Поврзани вести