Ципрас: Наши, а не турски авиони, ќе го прелетуваат небото на соседот
Гркиот премиер Аексис Ципрас на Панхеленскиот собир во Атина во говор за претстојните европски избори како претседател на СИРИЗА рече дека Грција со договорот со Македонија објавен во вторникот овозможила „грчки, а не турски, воени авиони да го прелетуваат воздушниот простор на соседот“.
„Тие ни кажуваат дека ја предадовме историјата на Македонија. Кога беше потпишана Спогодбата од Преспа, соседите беа расфрлани со статуи, но таблите се тргнаа, знаците беа променети на спомениците. И тогаш, кога го сменија Уставот, врз основа на Договорот, ги отстранија непризнатите ирационални референци, ги сменија учебниците и експлицитно и категорично го отфрлија нивниот однос со античка грчка Македонија.
Тие ни кажуваат играме игри со стабилност на Балканот. Но ние успеавме да добиеме стабилен сојузник во регионот, Ние официјално ја преземаме заштитата на нивниот воздушен простор, ние, а не турски авиони. Кога сега доаѓаме таму да ги промовираме инвестициите на грчките бизниси наедно ги блокираме плановите на трети земји да го прошират своето влијание во регионот“, рече Ципрас во де од својот говор, реторички одговарајќи на критиките од опозицијата.
Грчкиот премиер рече дека Грција во негово време направила два историски моменти -Излезот на земјата од меморандумите и Преспански договор. Ги повика грчките граѓани да не гласаат за политичари кои наликуваат како „популистите Орбан, Ле Пен и Салвини“.

