Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас и Курц честитаат, Димитров горд

Ципрас и Курц честитаат, Димитров горд

Грчката Влада упати честитка до премиерот Зоран Заев. 

„Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот Зоран Заев и му честиташе за успешниот процес на измена на македонскиот Устав врз основа на Договорот од Преспа”, пишува на Твитер грчката Влада. 

Задоволство изрази и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

”Испишуваме историја со отворање на нашата иднина. Докажавме дека чуда се можни. Покажавме дека сме Европејци, не само географски, туку и според европските вредности. Горд сум што сум на вистинската страна од историјата”, напиша Димитров на Твитер. 

Со честитка и свој коментар се јави и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Тој на својот Твитер профил го поздрави чекорот, со надеж дека тоа создава позитивен импулс во регионот.

Курц вели дека ова е охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Слично

Поврзани вести