Ципрас и Гутереш ќе разговараат и за кризата во Македонија
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ќе се сретне со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во период кога Западен Балкан, поради „Скопје“ се соочува со опасност од дестабилизација, пишува АПЕ.
Ципрас неделава во Кина ќе се сретне со Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш, јавува грчката информативна агенција АПЕ. Според најавата на АПЕ, Ципрас и Гутереш најверојатно ќе разговараат за ситуацијата на Балканот и Македонија, како и за кипарското прашање и бегалската криза.
Грчката влада и грчките политичари будно ја следат ситуацијата во Македонија.
Шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас минатата недела во неколку наврати испрати порака дека ја поддржуваат стабилноста во Македонија и очекуваат почитување на принципите на демократијата. Тој имаше и телефонски разговор со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
