Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас го одбра Каменос во кавгата со Коѕијас, на чија страна застана Заев против Тевдовски?

Ципрас го одбра Каменос во кавгата со Коѕијас, на чија страна застана Заев против Тевдовски?

Постоеше ли противник од висок профил во Владата на политиките на министерот за финансии во оставка Драган Тевдовски и нивна меѓусебна нетрпеливост кои се покажаа како одлучувачки за разрешувањето на професорот, а при тоа на негова страна да застане и премиерот Зоран Заев.

Шефот на Владата вчера објави дека Тевдовски повеќе нема да го води својот ресор, а министерството за финансии го превзема, барем привремено, лично Заев. Експлицитно не даде одговор која е причината токму Тевдовски да биде разрешен, со единствено образложение дека 2019 треба да биде година на економијата.

Паралела на случајот може да се повлече со примерот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој лани во октомври по жестока караница и долго несогласување на министрите за одбрана и за надворешни работи - Панос Каменос и Никос Коѕијас, реши да застане на страната на првиот.

Коѕијас, член на владеачката СИРИЗА, мораше да си поднесе оставка, а Ципрас, покрај премиерската функција, истовремено го превзеде привремено министерството за надворешни работи.

Сепак, политичките аналитичари како Здравко Савески тврдат дека вообичаено за премиер е да го превзеде истовремено и раководењето на министерството за надворешни работи, но не и тоа за финансии.

Слично

Поврзани вести