Циле не му го простува долгот на Боки 13: Мицевски на распит
Сопственикот на градежната компанија „Пелистер“ и еден од најбогатите битолчани, Силјан Мицевски, е повикан по втор пат да даде исказ за случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал кај обвинителката Вилма Рускоска.
Бизнисменот, познат во локалната битолска јавност како Циле, во изјава за медиумите рече дека парите кој му ги изнудил Бојан Јовановски ги уплатил на сметка на „Меѓународен сојуз“, чиј прв човек е Боки 13, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.
Мицевски ги бара назад своите 720 илјади евра, но прво ќе мора да објасни за која намена ги уплатил и под какви околности.
Претходно, на распит кај обвинителката Русковска денеска беше водителката Лила Филиповска.
Слично
