Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Циклонот веќе е на пат“: Попоски најавува дека дождовите од утре ќе ја зафатат и Македонија

„Циклонот веќе е на пат“: Попоски најавува дека дождовите од утре ќе ја зафатат и Македонија

Промената на времето започна, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Како што најавија синоптичарите, од утре се очекува промена на времето, а се најавуваат и обилни дождови и пад на температурите.

- Циклонот веќе е на пат и полека го зафаќа Балканот, а утре пристигнува и во Македонија - пишува Попоски на Фејсбук. 


Од УХМР најавуваат дека поголема промена на времето ќе настане од понеделник, за кога метеоролозите најавуваат претежно променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. 

- Попладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд, наместа пороен проследен со грмежи и засилен ветер - нагласуваат од УХМР. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести