Економија, финансии, бизнис

Контакт

Циклонот Луцијан ќе ја погоди Македонија

Циклонот Луцијан ќе ја погоди Македонија

Циклонот Луцијан ќе донесе силно невреме во Македонија.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец, а поради силното јужно воздушно струење ќе  има прашина и песок од Сахара.

Времето ќе биде сончево и многу топло до доцните попладневни часови кога ќе има дестабилизација на атмосферата и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтезивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Во сабота веќе на многу места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и исто така локално процесите ќе бидат поинтезивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Слично

Поврзани вести