Економија, финансии, бизнис

Контакт

Циговски му пратил и-мејл и на Динески зошто не е на работа, а канцеларијата била секогаш заклучена

Циговски му пратил и-мејл и на Динески зошто не е на работа, а канцеларијата била секогаш заклучена

По Антонио Ристевски, се јави и шесткратниот олимписки учесник Ѓоко Динески, актуелен селектор на нордиската и биатлон репрезентација на Македонија, со остра критика кон Огњан Циговски, претседателот на Скијачката федерација на Македонија, барајќи од бизнисменот да се повлече од челната функција.

И тој, исто како и Ристевски, добил и-мејл со барање за објаснување зошто не се појавил на своето работно место. Вели, канцеларијата постојано била заклучена.

„Господине Огнен Циговски ова што ми го пративте на емаил да го објаснам моето отсуство од работа замене не е ништо ново, напротив од првиот ден кога влеговте во СФМ 26.04.2021г се служите само со заканувачки мејлови и пораки. Можеби ќе ме изненадеше да добијам емаил дека ми е одобрена и финансиски поткрепена една од трите програми што ви ги испратив уште во Мај 2021г. За жал со самото ваше доаѓање во СФМ прво ни беа одземени основните средства за работа и клучевите од канцеларијата на СФМ, а на мое големо изненадување целокупниот пишан материјал, слики и весници како историја на овие спортови за последните 35 години без да ме известите ги фрливте во контињер. Господине Циговски само да ве потсетам дека канцеларијата на СФМ со месеци е заклучена и никој не доаѓа во неа. Многупати сум дошол и сум наидел на затворени врати, а истото се случуваше и во Септември кога побаравте од мене преку препорачана пошта да посетувам семинар за тренери во канцеларијата на СФМ. Ова за мене беше изненадување, сепак уредно секој ден се јавував во СФМ со љубопитност кој ќе ми биде менторот, но за жал повторно и секој ден вратата на канцеларијата на СФМ беше заклучена. Се надевам дека не ви беше целта да вршите вознемирување односно мобинг на работно место врз мене“, пишува најпознатиот нордиски скијач во Македонија.

И тој, исто како и Ристевски, побара оставка од Циговски, затоа што, како што вели, ја третирал федерацијата како приватна фирма.

„Да не должам, вашата цел е јасна, како да се пресметате со нас докажаните професионалци, да ми дадете отказ од моето работно место после посветена работа цели 20 години, со учество на 6 олимпијади и 25 Светски првенства во нордиско скијање и биатлон. Јас како професионалец од изумрени спортови ги вратив во живот и истите со голем успех се развиваа последниве години на спортски и организациски план. Господине Огнен Циговски, Скијачката федерација на Македонија не е приватна фирма, а Вие за жал сте најнеспособниот претседател досега, кој внесе раздор помеѓу професионалците и спортистите и не поделивте на подобни и неподобни. Овој проблем има единствено решение, наместо професионалците надвор од скијањето, Вие како ,,претседател” на СФМ веднаш да си поднесете неотповиклива оставка“ дополнува Динески.


Слично

Поврзани вести