„Цицачи на народот“: Апасиев најавува нов закон за патните трошоци на пратениците
Правниот тим на Левица е во завршна фаза со подготовката на предлог-законот за намалување на патните трошоци на пратениците, објави денеска лидерот на партијата Димитар Апсиев. Најавува дека тој закон месецов ќе биде пуштен во собраниска процедура.
Фактор веќе објави дека и покрај тоа што седници има малку, поради пандемијата и блокадите, патните трошоци се исплаќаат. Тие се понисики од претходно, но тоа се препишува на фактот што има недели во кои речиси и нема никаква активност.
Овде детали за тоа кој пратеник колку пари земал по оваа основа.
Инаку минатогодишната анализа на Државната комисија за спречување на корупција покажа дека најмногу пари за патни трошоци биле исплатени во 2015 година - 770 илјади евра; во 2016 година биле исплатени 698 илјади евра. понатаму во 2017 - 512.000, во 2018 - 522 и во 2019 најмалку - 390 илјади евра.
Намалувањето на исплатата на надоместокот е поради измената на Одлуката за висината на надоместокот во 2018 година, од 30 проценти на 20 проценти, но и на зголемувањето на бројот на пратеници кои користеле закуп на стан – се вели во анализита.
Со законските измени, наместо дотогашните 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво.
