Циц нема да се двоуми за нов мандат за кумановски градоначалник ако побараат граѓаните
Зоран Дамјановски Циц актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ посочува дека доколку граѓаните се задоволни од него и побараат повторно да се кандира за нов мандат тој ќе го стори тоа.
- Јас никогаш не сум кажал ниту пред еден, ниту пред друг мандат, дали ќе се кандидирам или нема да се кандидирам за градоначалник. Каква е судбината на човек кој ќе оди на изборен циклус, тоа го кажува јавното мислење, значи јас не сум донел одлука врз база на субјективна перцепција. Одлуката дали ќе одам на избори или не – ќе ја дадат граѓаните. Ако граѓаните мислам така,јас ќе се понудам на партијата да бидам нивен кандидат. Односите меѓу мене и партијата се во добра кондиција, мислам дека и партијата има перцепција дека треба да има човек кој треба да победи на избори. Ако тој човек сум јас, тогаш ќе одам на избори, ако е некој друг, јас ќе бидам поддршка, вели Дамјановски за Радио слободна Европа.
Познатиот Циц веќе го привршува четвртиот мандат и доколку се кандидира за четврти мандат по ред ќе биде еден од најдолговечните градоначалници во Македонија.
