ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата
Дел од македонските полицајци, односно оние кои членуваат во Независниот синдикат на полицијата, ќе имаат прилика да земаат поволни банкарски кредити, и тоа потрошувачки.
Независниот синдикат на полицијата, преку својата фејсбук страница соопшти дека склучиле договор со Капитал банка, со ексклузивни услови за потрошувачки кредити до 1.800.000 денари и тоа нула отсто каматна стапка за првите шест месеци, 2,90 отсто за првите 24 месеци, и 4,77 отсто над 24 месеци.
Слично
