Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чувар туркал новинари додека Сашо Мијалков излегувал од притвор, ЗНМ со осуда

Чувар туркал новинари додека Сашо Мијалков излегувал од притвор, ЗНМ со осуда

Здружението на новинарите на Македонија го осуди туркањето од страна на  униформиран службеник на медиумски известувачи за време на пуштањето од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, синоќа од притворот во Шутка.

Новинарите кои го чекале Мијалков пред капијата на затворот биле спречени во извршувањето на своите задачи од лице кое го обезбедува влезот во затворот, а претходно бил направен жив ѕид.

„ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва пред затворот. ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, реагираат од ЗНМ.



Слично

Поврзани вести